Борец засилен со Здравков во стручниот штаб отпатува на подготовки во Анталија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипата на Борец, засилена со искусниот македонски стратег Горде Здравков во стручниот штаб, денеска отпатува за Анталија каде наредниот период ќе ги реализира подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Здравков, кој е поранешен тренер на Работнички, Беласица, Турново, Брегалница, Напредок, Силекс…, низ пролетниот дел од сезоната треба да помогне во битката за опстанок на тимот во елитното друштво.

Борец во Анталија ќе одигра и четири пријателски натпревари, од кои веќе се договорени тестовите со унгарски МТК на 17. јануари, со Каспи на 19. јануари и со азербејџанска Кабала на 21. јануари.

Единствено ново име во тимот, во однос на есенскиот дел од шампионатот, е Октај Ракип кој пристигна на позајмица од редовите на Шкендија.

Се вчитува...