Боргеш го прегази Надал за титула во Бастад

Шпанскиот тенисер Рафал Надал не успеа да ја мине последната пречка на АТП турнирот во Бастад претрпувајќи пораз во финалето од страна на мотивираниот Португалец Нуњо Боргеш кој славеше со 2-0.

Португалскиот тенисер беше подобриот противник на денешниот меч, користејќи го уморот на искусниот Шпанец кој за прв пат по 2022 година се најде во финалето. Боргеш го доби првиот сет со 6-3, а вториот со 6-2 во меч кој траеше еден час и 28 минути.

Се вчитува...