Легендарниот Борис Бекер ќе биде нов тренер на еден од најдобрите светски тенисери, Александар Зверев, пренесуваат германските медиуми.
Зверев неодамна стигна до полуфиналето на Австралија Опен елиминирајќи го Карлос Алкараз во четвртфиналето, беше на прагот и до финале, но испушти предност од 2-0 во сетови против Данил Медведев.
Сега би можел да работи со поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, но има една голема пречка, а тоа е фактот што Бекер, поради затворот и банкротот поради кој беше зад решетки, има забрана за влез во Англија, САД и Австралија.
Поради тоа, како стручен консултант за Еуроспорт, работеше од студио од Германија, а не од лице место.
„Шансата е тука, секако постои интерес, но ако размислувате за доведување некој како што е Борис, тоа е затоа што сакате да освојувате турнири. А, секако тренерот мора да биде со вас на сите големи турнири“ – истакна Зверев, на можноста за ангажман на Борис Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

