Борис Бекер по излегувањето од затвор веднаш си најде нова работа

Германската тениска легенда, Борис Бекер, еден месец откако излезе од затвор се враќа на Евроспорт каналот со сопствена емисија „Меч топка Бекер“.

Сопственикот на телевизиската мрежа потврди дека Бекер ќе го коментира главниот меч на денот на првиот Грандслем турнир во сезоната „Австралија опен“, а како стручен коментатор ќе ги анализира останатите мечеви. Но, „Билд“, објави дека Бекер нема да патува во Мелбурн туку ќе коментира од студиото во Минхен.

„Драго ми е што Борис Бекер се враќа во тимот на Евроспорт. Од 2017 година Борис е составен дел од тениските преноси на нашата мрежа“ – истакна Јохан Гундел, еден од менаџерите на германската подружница на Ворнер Брос, кој е сопственик на Евроспорт.

Бекер беше осуден на двеипол години поради финансиски малверзации во Лондон. По осум месеци беше ослободен и протеран од Велика Британија.

Се вчитува...