Бориша Симаниќ повторно на списокот на српската кошаркарска репрезентација

Во пресрет на новите квалификациски натпревари за Европското првенство во кошарка, следната година, селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ, состави поширок список на играчи, на кој се најде и името на Бориша Симаниќ.

Кошаркарскиот херој на Србија по тешката повреда на минатогодишното планетарно првенство, отстранување на бубрегот и долго опоравување, повторно игра клупска кошарка, па првотимецот на Игокеа засега е во конкуренција за дуелите со Данска на 21. ноември во Копенхаген и 24. ноември во Белград.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ НА СРБИЈА:

Данило Анѓушиќ (Дубаи)
Алекса Аврамовиќ (ЦСКА)
Душан Беслаќ (Автодор)
Дејан Давидовац (Црвена звезда)
Огњен Добриќ (Црвена звезда)
Марко Гудуриќ (Фенербахче)
Филип Јовиќ (Мега)
Стефан Јовиќ (Валенсија)
Балша Копривица (Партизан)
Стефан Лазаревиќ (ФМП)
Вања Маринковиќ (Партизан)
Богољуб Марковиќ (Мега)
Душан Милетиќ (Спартак Суботица)
Марио Накиќ (Партизан)
Јован Новак (ФМП)
Филип Петрушев (Црвена звезда)
Урош Плавшиќ (Црвена звезда)
Алексеј Покушевски (партизан)
Алекса Раданов (Руна)
Душан Ристиќ (Шалон)
Никола Шарановиќ (ФМП)
Бориша Симаниќ (Игокеа)
Урош Трифуновиќ (Тофаш)

Се вчитува...