Бориша Симаниќ заедно со соиграчите ќе се врати во Србија

Крилниот центар на српската репрезентација Бориша Симаниќ беше подложен на две операции во Манила по ударот што го доби на мечот од првата фаза против Јужен Судан. На Симаниќ му го извадија бубрегот, но добрата вест е што се опоравува и дека состојбата му е подобрена до тој степен што наскоро би требало да се врати во Белград.

Состојбата на Симаниќ е подобрена во последните денови и постои можност, доколку се биде како што треба, со сериозен лекарски надзор, кошаркарот на Сарагоса да биде на чартер летот кој ќе ја врати српската репрезентација дома од главниот град на Филипините.

Симаниќ доби удар кошаркарот на Јужен Судан, Нуни Омот, кој подоцна се извини и изјави дека не му била намерата да го удри српскиот репрезентативец и да му нанесе тешка повреда.

Се вчитува...