Барселона е без сериозна конкуренција во домашното првенство, за што доказ е и денешната победа на гостувањето против Валјадолид (25-38), 21. триумф за каталонскиот гигант во исто толку натпревари во АСОБАЛ-лигата.
Тимот на Борко Ристовски и на Кире Лазаров немаше никакви проблеми да ја оправда фаворитската улога на оваа средба, доминираше од почетокот, по првото полувреме имаше предност од 12-16, за на крајот да стигне и до двоцифрена победа.
Борко Ристовски имаше три одбрани на голот на каталонците, додека Лазаров го заврши мечот со пет гола, три од пенал.
Следен предизвик за Барса е мечот од последното коло во ЛШ на домашен терен со Висла Плоцк, на кој победа ќе значи и директен пласман на каталонскиот гигант во четвртфиналето од елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА