Борко Ристовски во извонредно издание на голот, ја предводеше Барселона во победата против Ла Риоха со 37-27 , во натпреварот од 21.коло во АСОБАЛ лигата. Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 14 одбрани меѓу кои и два одбранети седмерци и беше клучен играч на Барселона во овој дуел.
Со сигурните одбрани во второто полувреме, Борко Ристовски и овозможи на Барселона да се одлепи и да го осигура новиот триумф откако по првиот дел домаќините имаа само два гола предност (17-15).
Најефикасен во составот на Барселона беше Дика Мем со седум гола, а шест од шест имаше Валеро Ривера. Каталонскиот тим е неприкосновен на врвот на табелата со 20 победи и едно реми сезонава во АСОБАЛ лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА