Голманот на ракометната репрезентација на Македонија и член на Барселона, Борко Ристовски, со емотивен статус на социјалните мрежи се одјави од Европското првенство во Хрватска и им се заблагодари на сите Македонци за поддршката, напоменувајќи дека со голема чест го носел дресот на својата земја на европскиот ракометен собир. Тој потенцира и дека гордоста не се мери со врвови или медали, но дека Македонија уште еднаш покажа дека може да биде горда на својата ракометна сила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА