Борко Ристовски го промовира кампот на Барселона (ВИДЕО)

Македонскиот голман Борко Ристовски ќе биде заштитно лице на првиот ракометен камп на Барселона што ќе се одржи од 28 јуни до 3 јули во Омиш, Хрватска.

Ристовски кој има петгодишен договор за организација на кампот, преку видео објавено од Академијата на Барслеона го промовираше првото издание на кампот на кој покрај неколку рeномирани тренерски имиња и тренери од школата на Барселона како демонстратори ќе присуствуваат и дел од играчите на Барселона – Виран Морос, Седрик Сорендо и Валеро Ривера.

Се вчитува...