По ждрепката со која беа одредени групите и познати противниците со кои ќе игра машката ракометна репрезентација на Македонија на Европското првенство во Хрватска, во јануари наредната година, првите оценки се дека имаме тешка група. Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски, добро ги познава сите три противници и предупредува дека никој не смее да се потцени.
Македонија ќе игра во група Ц во Загреб против две балкански репорезентации – Словенија и Црна Гора и против актуелниот европски шампион, Германија. Пласман во втората фаза на ЕП не вкрстува со групата Д во која се Шпанија, Данска, Чешка и Унгарија…
„Според мене, имаме многу тешка група и тешко вкрстување потоа во следната фаза.Се работи за квалитетни репрезентации кои високо котираат во Европа. За Германија нема ни потреба да се објаснува многу кој се и што се. Актуелни европски шампиони и едни од фаворитите за освојување титулата и на ова ЕП.
Словенија е секогаш незгоден противник, со многу квалитетни играчи. Единствено за Црна Гора, може да кажеме дека е условно од тој послаб круг на репрезентации, но под водство на Драган Ѓукиќ и Црногорците играат многу квалитетн ракомет и во никој случај не смеат да се потценат. Се на се, не очекува многу тешко европско првенство на кое ќе мора да одиграме на високо ниво доколку сакаме да направиме успех“ – вели Борко Ристовски.
Европското првенство во Хрватска ќе се одигра од 12 до 28 јануари наредната година. Домаќини на групите од првата фаза се Сплит, Пореч, Загреб и Вараждин, а групите од главната фаза ќе се играат во Загреб (А+Б) и во Вараждин (Ц+Д).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА