Борко Ристовски херој – Бенфика го доби дербито со Спортинг

Борко Ристовски уште еднаш потврди дека е адут за големи натпревари на Бенфика откако со низа извонредни интервенции му донесе триумф на својот тим на големото дерби со Спортинг Лисабон (26-25).

Пресметката донесе неизвесен ракомет од почеток до крај, на полувреме резултатот гласеше 14-14, а Спортинг во 52. минута со голот на Едмилсон поведе со 23-25. Сепак, кога беше најзначајно блесна Ристовски, кој со неколку одлични интервенции остана без примен гол до крајот на натпреварот, овозможувајќи му на својот тим да направи пресврт во завршницата и да стигне до голема победа. Спортинг имаше последен напад за израмнување, но Македонецот беше на висина на задачата, го одбрани шутот на Руесга и им донесе огромна радост на фановите на Бенфика.

Со овој триумф Бенфика останува на третото место на табелата, но сега со само еден бод заостанување зад Спортинг на втората позиција. Лидер во португалскиот шампионат се уште е Порто.

Се вчитува...