ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Ракометната репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Шпанија, а тоа некако не врати сите во реалноста, дека Македонија сепак не е подготвена за чудо. Така мисли и искусниот голман Борко Ристовски, кој јавно истакна дека сите се занесовме, а овој пораз не враќа во реалноста.
„Одигравме под сите очекувања, а против себе ја имавме Шпанија. Тоа е силна селекција, одиграа одлична одбрана, одржаа лекција, а ние немавме одговор во нападот. Упаднавме во сите нивни замки. Мислам дека сите се занесовме дека можеме многу повеќе, но ова не врати во реалноста. Ако продолжиме во ваков стил, нема да биде добро. Може да не ни оди во нападот, но не може потоа да не трчаме назад, да не се враќаме во одбрана и противникот да има лесни противнапади. Нашата грешка не е што загубивме, туку затоа што не се боревме. Сега останува да се фокусираме на наредните натпревари“, изјави Борко Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА