Се врати „министерот за одбрана“ и веднаш е поинаку. Нанижа 15 одбрани Борко Ристовски против Палмарсон и компанија, а тоа го раздвижи и нападот, каде Кире Лазаров беше незапирлив.
Голманот Борко Ристовски е задоволен од триумфот, и вели дека Македонија сега игра многу позрело, а знае дека на гости против Исланд не очекува уште потежок предизвик.
„Одигравме многу квалитетен натпревар. Можеби во вториот дел малку паднавме. Последните десет минути одигравме квалитетно. Не чека уште потежок натпревар во Исланд. Се гледа промена во тактиката, сега играме многу позрело. Играме поцврсто и помудро во одбраната, има и грешки, но и добри страни. Имаме насока по која движиме. 15 одбрани? Мене не ми значат толку бројките…Ќе бев задоволен и со 10, а Македонија да победеше со повеќе разлика“, изјави Борко Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА