Борко Ристовски запиша фантастични 22 одбрани со 51 процент на успешност, во победата на Барселона против Гвадалахара со 32-21 (18-9). За каталонскиот тим ова е 17 победа по ред сезонава во шпанската АСОБАЛ лига. Ристоивски беше на голот на Барселона во сите 60 минути и потврди дека е во одлична форма пред стартот на пролетниот дел во Лигата на шампионите.
Кире Лазаров на овој меч постигна само еден погодок, но во поголемиот дел од мечот, македонскиот бек беше на клупата на Барселона, а поголема минутажа на теренот на десната бековска позиција доби Французинот Дика Мем. Најефикасен во составот на барселона беше данскиот пикер Јеспер Нодесбо со седум гола. Кај гостинскиот тим, шест погодоци постигна Хозе Мариа Колома.
Ова беше последна проверка за шпанскиот првак пред продолжението на натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите во која Барселона в сабота му гостува на Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА