Борко Ристовски со Бенфика го освои португалскиот Супер Куп и првата титула во новата сезона. Во лисабонската пресметка за пехарот, Бенфика го победи актуелниот шампион Спортинг со 29-24.
Македонскиот голман беше во стартниот состав на Бенфика, натпреварот за титулата го заврши со 15 одбрани и беше еден од најзаслужните за првата голема победа на стартот од новата сезона.
„За прв официјален натпревар одигравме многу квалитетно, како во одбраната така и во нападот. Спортинг беше фаворит пред натпреварот, меѓутоа ние покажавме дека сезонава сме подготвени да одиме на титула и во првенството. Имавме контрола на натпреварот од самиот почеток и не дозволивме Спортинг во ниеден момент да ни се доближи резултатски. Впечатоците се многу позитивни како од Лисабон, така и од Бенфика и се надевам дека во иднина ќе го подигнеме нивото на игра уште повеќе“ – изјави Борко Ристовски за ЕКИПА.
Бенфика е актуелен освојувач на Купот на Португалија и победник во португалскиот Супер Куп. Лисабонскиот тим во новата сезона влегува со амбиции да ја освои и шампионската титула, а Ристовски е капиталното засилување што треба да им помогне во остварување на целта.
Макеоднскиот репрезентативен голман по две сезони поминати во Барселона летово се пресели во Лисабон и кариерата ја продолжува во дресот на Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА