Борко Ристовски го комплетираше враќањето назад во Вардар, откако по раскинот на договорот со Бенфика ја избра токму понудата на македонскиот првак иако за неговите услуги се интересирал и поранешниот клуб, бундеслигашот Рајн-Некар Левен.
„Ме бараа неколку клубови, меѓу нив и Рајн-Некар Левен, но го избрав Вардар бидејќи сакам да сум овде, да помогнам овој тим да постои. Не дојдов поради пари, туку за да помогнам најмалку до крајот на сезонава“, изјави Борко Ристовски.
Воедно, тој ги демантираше информациите дека неговиот камбек е поврзан со претстојните политички избори во државата.
„Моето враќање нема врска со политиката, јас сум спортист, а не со политичар. Во политиката влегов да му помогнам на спортот, по природа сум револуционер и ја сакам својата држава“, порача Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА