Борко Ристивски со стил го одигра прошталниот натпревар во дресот на Барселона. Каталонскиот тим во последниот натпревар сеознава од АСОБАЛ лигата, пред своите гледачи во „Блауграна“ славеше убедлива победа против Теукро со 41-25.
Ристовски го одигра целиот натпревар против својот поранешен клуб, Теукро, и се прости од Барса со 13 одбрани. Македонскиот репрезентативен голман во Барса дојде во 2016 година од тимот на Рајн Некар Левен и во изминатите две сезони со каталонскиот тим два пати стана шампион на Шпанија и ги освои сите Куп титули, а лани играше и на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн.
Покрај македонскиот голман, ова беше последен натпревар во дресот на Барселона и за Виран Морос, Валеро Ривера и Алексис Боргес. Засега официјално се уште не е потврдено која ќе биде следната дестинација за Борко Ристовски. Сериозна понуда за макеоднскиот голман има португалска Бенфика, а во комбинација е и потенцијален трансфер во Кил и враќање на Ристовски во Бундес-лигата.
Борко Ристовски во Барселона дојде од Рајн Некар Левен со кој ја освои титулата во Германија. Тој е единствениот македонски ракометар што во својата кариера настапувал во трите најсилни лиги во светот – Германија (Гумерсбах, Рајн Некар Левен), Франција (Кретеј) и Шпанија (Барселона, Теукро, Алгесирас).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА