Борко Ристовски го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона и го заврши со признание за најдобар голман и со уште една титула со каталонскиот тим. Барселона славеше против Гранолјерс со 46-27 и го освои Супер Купот на Каталонија.
Ристовски за крај имаше уште еден извонреден настап на голот, запиша 14 одбрани за 30 минути и го доби признанието за најдобар голман во финалето. Најдобар стрелец беше Валеро Ривера за кого исто така ова беше последен меч за Барселона пред враќањето во Нант, а МВП наградата заврши кај Адриан Фигуерас од тимот на Гранолјерс.
Македонскиот репрезентативен голман најави дека деновиве ќе ја соопшти својата одлука каде ќе ја продолжи кариерата од следната сезона по завршувњето на двегодишниот договор со Барселона. Во опција е враќање во Германија или преселба во Лисабон во тимот на Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА