Ракометниот клуб Вардар на отворено ги стартуваше подотовките за новата сезона. Дел од првиот тренинг кој се одржа на фудбалското игралиште крај хотел Русија, беше и фудбалска забава за ракометарите. Борко, Столе, Тимур, Вујин…покажаа дека добро владеат и со фудбалската игра.
Дента кога ФК Вардар и дефинитивно остана без најголем дел од фудбалерите поради беспарицата, малку можеби и малициозно, ракометарите заиграа фудбал. Ако треба и ќе помогнат. Борко како стопер, Столе како робусен напаѓач, Тимур на крилните позиции за да се искористи брзината…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА