Борко Ристовски со екипата на Барселона славеше уште една убедлива победа во шпанската АСОБАЛ лига. Во натпреварот од 5.коло, каталонците ја запишаа петтата победа совладувајќи го на домашен терен тимот на Бенидорм со 34-19.
Барселона уште еднаш ја потврди својата супериорност во шпанската лига и рутински стигна до уште еден триумф. Избраниците на Чави Пасквал натпреварот го решија уште во првото полувреме кое го завршија со десет гола предност (18-8).
Македонскиот голман имаше уште една сигирна партија на голот со 12 одбрани. Нападот на Барселона го предводеше Валеро Ривера со пет гола, а по четири постигнаа Раул Ентрериос, Аитор Арињо и Дика Мем.
Следниот натпревар за Барселона е на 7 октомври кога го пречекува Нант со Кире Лазаров во 4.коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА