Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовки, вчера со Барселона ја одбрани титулата во АСОБАЛ лигата. Со синожешната победа против Куенка, Барса и математички ја завери 25. титула во историјата на шпанското првенство, додека за Борко ова е втора шампионска титула со каталонскиот клуб.
Ристовски на одлучувачкиот меч имаше 12 одбрани, па во добро расположение продолжи да слави во соблекувалната. Како што е редот, секој спортски успех се слави со шампањ, а Борко го даде првиот знак дека прославата може да започне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА