Манчестер јунајтед се врати на поразите во домашниот шампионат откако денеска беше шокиран на домашен терен од Бормут (0-3) во меч од 16. коло во Премиер-лигата.
Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Соланке во 5. минута. На 0-2 зголеми Билинг во 69. минута, додека конечните 0-3 беа дело на Сенеси во 73. минута. До крајот срамот можеше да биде и поголем, но по преглед со ВАР во 92. минута поради играње со рака беше поништен голот на Оутара.
Manchester United 0 – [2] Bournemouth – Philip Billing 68′
byu/PSGCampus insoccer
Во останатите мечеви: Брајтон – Барнли 1-1, Шефилд – Брентфорд 1-0 и Вулверхемптон – Нотингем Форест 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА