Бормут носи засилување од Милан

Алекс Хименез, 20-годишниот шпански фудбалер ова лето ќе ги промени клупските бои и дресот на Милан ќе го замени со оној на Бормут каде ќе реализира трансфер со позајмица до крајот на сезоната со обврска неговиот договор да биде откупен.

Хименез е поранешен фудбалер на Реал Мадрид кој се уште има одлучувачко право да иднината на младиот Шпанец и ќе има можност во иднина да го врати назад во составот.

Шпанецот претходната сезона ја започна во вториот тим на Милан кој настапуваше во Серија Ц, но со добрите настапи се избори за место во првиот тим на „росонерите“ каде и ја заврши сезоната со една асистенција на 22 одиграни средби.

Се вчитува...