Фудбалерите на Ливерпул успеаја да се вратат од негатива од два гола, но на крајот загубија во последните моменти со 3-2 на гостувањето кај Бормут во последниот натпревар од денешната програма од 23. коло во Премиерлигата.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Еванилсон во 26. минута. Само седум минути подоцна Бормут зголеми на 2-0 преку Хименез. До крајот на првиот дел „црвените“ намалија на 2-1 преку Вирџил ван Дајк во 45. минута.
На 2-2 израмни Доминик Собослаи во 80. минута. И кога сите очекуваа крај Амине Адили стрелаше во 95. минута за победа на Бормут од 3-2 и големо славје кај домашните навивачи.
AFC Bournemouth [3] – 2 Liverpool – Amine Adli 90+5'
byu/gbogaz insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

