Борнмут потврди дека преговара со Манчестер Сити за Семењо

Крилниот играч на Борнмут, Антоан Семењо ќе игра за екипата на следниот меч против Арсенал во Премиерлигата. Иако е пред трансфер во Манчестер Сити, сепак, Семењо ќе настапи за тимот на Борнмут на следниот меч. И тоа можеби по последен пат.

Во меѓувреме тренерот на екипата Андони Ираола ги потврди преговорите, но и дека играчот ништо нема потпишано.

„Мислам дека Семењо ќе игра за нас на следните два домашни мечеви против Арсенал и Тотенхем. Се надевам дека ќе остане со нас подолго, но не знам како тоа ќе се одвива. Нема ништо потпишано. Преговорите се во тек, и ја разбирам возбудата, но Антоан и натаму е наш играч“, изјави Ираола.

Се вчитува...