Борнмут ќе ја мине оваа ноќ на второто место на премиерлигашката табела откако по голема борба славеше над Фулам со 3-1, за своја четврта победа во седмото коло од елитното англиско фудбалско друштво.
Трите бода се уште позначајни ако се знае дека Фулам водеше до 78. минута, кога Семењо блесна со мајсторски гол, по еден одличен соло-продор успевајќи да ја смести топката низ нозете на голманот Лено во мрежата на Фулам. Неколку минути подоцна – нова мајсторија, овојпат Клајверт беше стрелец со извонреден удар од околу 25 метри.
Фулам мораше да се отвори и тргна во тотална офанзива, а казната стигна во 95. минута кога Борнмут од контранапад ги постави конечните 3-1, со вториот гол на мечот на Семењо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

