Борнмут преговара со Челси за доведување на шпанскиот голман Кепа Аризабалага. Шпанецот важи за најскапиот голман на светот, откако Челси за него му плати на Атлетик Билбао 80 милиони евра во 2018 година.
29-годишниот Шпанец е приоритет за Борнмут. Резервна варијанта е Арон Рамздејл од Арсенал.
Тимот го сака Кепа на позајмица на една сезона, но исто така бара да ја намали платата. Минатата сезона Кепа ја мина на позајмица во Реал Мадрид. За него има интерес и од Саудиска Арабија.
На потписот на Кепа инсистира менаџерот на Борнмут, Андони Ираола, кој работеше заедно со голманот во Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА