Борнмут за едно полувреме го прегази Саутемптон

Борнмут им се врати на победите во Премиерлигата откако во 6. коло славеше на домашен терен против Саутемптон со 3-1.

Натпреварот го отвори Еванилсон со гол во 17. минута, а во 32. минута Кватера донесе водство од 2-0 за домашниот тим. Седум минути подоцна стрелаше и Семенјо па првото поувреме Борнмут го заврши со предност од 3-0.

Во 51. минута Хардвуд-Белис намали на 3-1, но гостите не успеаја да постигнат и втор гол на средбата со кој дополнително ќе ја намалеа предноста и ќе приредеа неизвесна завршница.

Се вчитува...