Боро Даскаловски во иднина нема да биде дел од стурчниот штаб на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, откако селекторот Марјан Илиевски се повлече од функцијата.
Даскаловски, кој е прв тренер на екипата на Пелистер, обелодени дека неговиот ангажман во националниот тим завршува без оглед кој ќе биде избран за наследник на Илиевски.
„Ми беше чест да бидам дел од стручниот штаб на репрезентацијата. Јас дојдов на барање на Марјан Илиевски, имав беспрекорна соработка со селекторот и уживав во работата со националниот тим. Во ситуација кога тој си замина, единствено логично решение е и јас да се повлечат од мојата функција. Голема благодарност до Илиевски, до останатите членови на стручниот штаб и до сите кошаркари за беспрекорната соработка. На репрезентацијата и посакувам многу успех во периодот што следи“, истакна Даскаловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

