Актуелниот шеф на стручниот штаб на екипата на ТФТ Моцарт, Боро Смилковски е назначен за нов селектор на машката кошараркарскарепрезентација до 20 години. За Смилковски ова ќе биде прво селекторско искуство во кариерата, во која веќе четврта сезона со голем успех го води ТФТ во прволигашката конкуренција и со овој тим освои трофеј во Купот на Македонија во 2022 година.
Последните две сезони учествува и во АБА 2 лигата, а во тековната, односно во ланската стигна до полуфиналето од плеј-офот. Искуството кое го носи си себе на домашна и меѓународна сцена треба да му помогне да оствари што е можно подобар пласман на Европското првенство во во младинска конкуренција оваа година, од 13. до 21. јули. ќе се одржи во полскиот град Гдиња.
Предводник на машката селекција до 18 години ќе биде Горан Андреевски кој е дел од КК „Водно Санс“, екипата која во оваа натпреварувачка сезона стигна до финалниот натпревар од М18 лигата во кој вчера вечер во Гевгелија, го освоија сребрениот медал.
Александар Јованчев, шефот на струката во скопски Вардар, пак ќе продолжи со работа со селекцијата до 16 години, која исто така ја чека настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое во периодот од 8. до 17. август ќе се игра во Скопје.
Селекторското место во женската селекција до 18 години пак ќе го заземе Горан Крстевски. Нашиот женски јуниорски состав ќе биде учесник на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое во периодот од 2. до 11. август во романскиот Плоешти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА