Тренерот на ТФТ, Боро Смилковски сосема очекувано беше повеќе од задоволен по победата на неговиот тим од 78-73 против Работнички во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Во полуфиналето бранителот на куп-трофејот, ТФТ, го очекува пресметката против МЗТ Скопје. Смилковски секако посакува елиминација и на аеродромци на патот до финалето во Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.
„Ова е само прв меч од трите. Минатата година сонувавме за чудо, па немој да мислите дека оваа година не го посакуваме повторно истото. Сакам и оваа година да се зборува дека ТФТ преку „вечните“ закажал дуел против Пелистер во финалето на Купот“ – рече Смилковски по мечот, притоа осврнувајќи се и на дуелот со Работнички.
„И пред натпреварот кажав дека шансите се 50-50 и дека моментална инспирација ќе одлучува. Очекувано беше тешко иако добро отворивме. Но, Работнички се врати, а клучна беше третата четвртина кога во дефанзивата покажавме агресивност и дојдовме до лесни транзициски поени, па ја задржавме таа позитива до самиот крај“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА