Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан (23) ја продожува соработката со Вардар на подолг рок. Со македонскиот шампион потпиша нов четиригодишен договор, според кој Борозан ќе го носи дресот на Вардар најмалку до 2021 година.Црногорскиот бек во Вардар дојде минатото лето од германскиот Либек и се наметна како еден од подобрите играчи во најуспешната сезона на „црвено-црните“, постигнувајќи 41 гол во Лигата на шампионите. Во 16 натпревари од регионалната СЕХА лига постигна 48 гола. Борозан беше избран и во најдобрата седморка на Ф4 турнирот во СЕХА лигата во Брест. Со Вардар ја освои својата прва титула во СЕХА лигата и прв пат во кариерата ќе игра на Ф4 турнирот во ЛШ.Во својата кариера, пред да дојде во Вардар, Вуко Борозан настапуваше за Ловќен, Карловац, Металург и за Либек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА