Ракометната репрезентација на Црна Гора со минимална победа над Србија 30-29 го заврши настапот по првата групна фаза на Европското првенство кое се одржува во Германија.
Еден од најконтроверзните црногорски ракометари Вуко Борозан по мечот имаше порака до сите како што ги нарекува тој „хејтери“.
„Најпрво сакам да ги поздравам сите хејтери. Нека продолжат да ме плукаат, ќе бидам уште посилен. Поздрав и до господинот Перо Милошевиќ. Бев должен да го кажам ова“, рече Борозан и испрати бакнежи до децата и сопругата.
Причината поради која го поздрави Милошевиќ е детаљ од последниот натпревар на Ловќен во Европската лига на ЕХФ, кога искусниот тренер во четвртата минута го седна на клупата поради пцовки. Набргу потоа 29-годишниот Борозан го раскина договорот со шампионот на Црна Гора и моментално е без клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

