Борусија Д. без главниот напаѓач на стартот во Бундеслигата

Серху Гираси, играчот кој дојде во Борусија Дортмунд од Штутгарт, каде минатата сезона беше најдобар стрелец на екипата, ќе почека на деби за „милионерите“. Гираси е повреден и нема да биде на располагање на тренерот Нури Сахин за првиот меч против Ајнтрахт Франкфурт во 1. коло од Бундеслигата.

Гираси се очекува да биде прва опција во нападот, по заминувањето на Никлас Филкруг во Вест Хем, а сега Сахин веројатно ќе се потпре на Максимилијан Бејер, уште еден нов играч кој „милионерите“ го купија од Хофенхајм.

За настап конкурира и напаѓачот од Брегот на слоновата коска Себастијан Халер, како и младиот Јусуфа Мукоко кој е на излезна врата од Дортмунд.

Се вчитува...