Борусија Д. „краде“ шпански талент и му се „одмаздува“ на Реал Мадрид

Играчот на Борусија Дортмунд Џуд Белингем веќе има „дил“ со Реал Мадрид, а останува во следниот период да се официјализира трансферот. Белингем за некаде околу 120 милиони евра ќе треба да се пресели на „Бербабе“, иако првично Борусија бараше 150 милиони.

„Милионерите“ беа подготвени да му понудат нов договор на Белингем, и да го направат најплатениот играч во историјата на клубот (14 милиони евра по сезона), сепак, понудата на Реал е повисока, и се очекува Англичанецот од следната сезона да биде играч на „кралевите“.

Со ова заминување на Белингем, Борусија Дортмунд подготвува „одмазда“ на Реал Мадрид. Според „Билд“, Борусија има две можни замени за Белингем. Едниот од нив е Габри Веига од Селта Виго, кој што е високо ценет од Реал Мадрид и „кралевите“ веќе беа подготвени да ја платат откупната клаузула.

Меѓутоа наводно Борусија ќе му понуди повеќе пари и ќе му гарантира поголема минутажа, само да го убеди да се пресели на „Вестфален“.

Се вчитува...