Борусија Д. на „мускули“ до триумф над Леверкузен (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со минимална победа ја стартуваше сезоната во Бундеслигата. „Милионерите“ вечерва со 1-0 го совладаа составот на Баер Леверкузен, во меч во кој спасител беше голманот Грегор Кобел кој во вториот дел одбрани два „зицери“ и така спаси дури и Леверкузен да дојде до триумф.

Стрелец на единствениот гол беше Ројс во 9. минута, откако го потврди од гол линијата ударот на Карим Адејеми. Неверојатно е што промашуваше Патрик Шик, односно што одбрани Грегор Кобел на голот на Борусија.

Во финишот од средбата „фармацевтите“ останаа со играч помалку од беше исклучен голманот Храдецки, по игра со рака надвор од шеснаесетникот. Со оглед дека Леверкузен немаше право на измени, Тапсоба застана на голот, но промена на резултатот немаше.

Се вчитува...