Борусија Дортмунд се соочува со голем проблем пред стартот на сезоната во Бундеслигата, особено во одбраната. Така на првиот меч во Купот против Есен, како и на гостувањето кај Сент Паули во првото коло од Буднеслигата, тренерот Нико Ковач ќе има многу проблеми да го комплетира тимот во дефанзивата.
Јасно е дека на овој меч ќе го нема Емре Џан кој е повреден, како и Никлас Зиле. Зиле заработи повреда на бутот на пријателскиот меч со Јувентус пред два дена, и ќе мора да паузира најмалку два месеци. Она што е дополнителен проблем за „милионерите“ е повредата на Нико Шлотербек. Робусниот стопер одамна е на листата на повредени, а дури сега почна да тренира со топка, и прашање е дали ќе биде подготвен за стартот на сезоната.
Со тоа Борусија остана само со Валдемар Антон како здрав стопер. Ако не се одлучат да ангажираат некој во меѓувреме, тогаш нема да биде исклучено бековите Ријарсон и Бензебаини да играат како стопери заедно со Антон, а потоа да се прават многу ротации за да се склопи тим за првите натпревари, се додека не се опорават останатите повредени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

