Навивачите на Борусија Дортмунд до последно стравуваа од повредата на првиот голман на тимот Грегор Кобел, кој се повреди на загревањето на мечот со Лајпциг, и не беше меѓу стативите. Меѓутоа Кобел утрово со своите соиграчи отпатува во Лондон, каде што утре „милионерите“ ќе ги бранат 1-0 од првиот меч во Дортмунд.
Кобел е во голема форма, и еден од заслужните за 11-те победи во 11 меча во 2023 година за Борусија Дортмунд, со кои „жолто-црните“ се на делба на првата позиција на табелата во Бундеслигата.
Проблем за тренерот Един Терзиќ може да претставува повредата на Карим Адејеми, кој беше единствен стрелец на голот на првиот меч. Тој има повреда, и ќе паузира речиси еден месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

