Бразилскиот десен бек Јан Коуто, е пред трансфер во Борусија Дортмунд. Овој фудбалер кој е дел од Манчестер Сити, но нема ниту еден нстап за „граѓаните“, за 25 милиони ќе се пресели на „Вестфален“.
Бразилскиот репрезентативец кој има 22 години, минатите четири години ги мина на позајмици во Жирона и во Брага, а токму добрите настапи за шпанскиот тим во минатата сезона се препорака за негов ангажман.
Тој во 2020 година се пресели во Сити, иако беше поврзуван и со Барселона. Има договор со „граѓаните“ до 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА