Борусија Дортмунд бара 30 милиони евра од Арсенал за Џулијан Вајгл

Англискиот премиерлигаш Арсенал е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Борусија Дортмунд, Џулијан Вајгл. Менаџерот Унаи Емери го посакува во тимот за следната сезона, но германскиот бундеслигаш нема лесно да се откаже од неговите услуги. Побара 30 милиони евра отштета за да дозволи преговори со фудбалерот.

Покрај Арсенал, за Џулијан Вајгл постои интерес и од Пари Сен Жермен. Томас Тухел исто така има потреба од освежување на средниот ред. Минатата сезона Вајгл одигра 25 натпревари за Борусија Дортмунд и постигна еден гол.

Се вчитува...