Борусија Дортмунд без четири „ѕвезди“ против Тотенхем

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр, се соочува со огромни главоболки околу изборот на играчи во пресрет на утрешниот дуел на „Вембли“ против Тотенхем.

Капитенот Марко Ројс од претходно беше отпишан по повредата заработена на куп-дуелот со Вердер, но уште поголем проблем за Фавр е отсуството на уште тројца стандардни првотимци. Најдобриот стрелец на тимот, Пако Алкасер, не го издржа последниот тренинг на „милионерите“, по што воопшто нема да патува со екипата во Лондон.

Покрај Алкасер, Борусија Дортмунд ќе биде и без помошта на Вајлг, кој е клучен играч во средниот ред, како и без Пишчек, кој исто така е повреден. Добра вест за Фавр е што зимското засилување, Аргентинецот Леонардо Балерди, ги надмина своите проблеми со повредата што го мачеше и ќе биде во тимот против Тотенхем.

 

Се вчитува...