Борусија Дортмунд излезе како победник од трката по Торген Азар, договарајќи го трансферот на белгискиот репрезентативец од редовите на Борусија Менхенгладбах.
Помладиот брат на Еден Азар играше одлично во дресот на германскиот прволигаш, со што го привлече вниманието на неколку врвни европски клубови. Ливерпул понуди 45 милиони евра за неговите услуги, но Торген не сакаше да се пресели на „Енфилд“, поради страв за премала минутажа крај Мане, Салах и Фирмино.
Ситуацијата експресно ја искористија „милионерите“ од Дортмунд, кои понудија пет милиони евра помалку од Ливерпул, но ги договорија личните услови со фудбалерот. И Борусија Менхенгладбах потоа ја прифати понудата на ривалот од Дортмунд, по што нема никакви пречки за реализација на овој трансфер во летниот преоден рок.
Азар настапува како крилен офанзивец и во Дортмунд ќе биде замена за Кристијан Пулишиќ, кој кариерата ја продолжува во дресот на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА