И покрај големите проблеми со составот, европскиот вицепрвак успеа да врзе две победи по ред. На домашен терен најпрво во Бундеслигата го совладаа Лајпциг, а синоќа во Лигата на шампионите дојдоа до победа над Штурм.
Долго време се мачеа против автрискиот тим, а победата ја обезбедија на четири минути пред крајот на мечот, и тоа преку „џокерот“ Мален.
Ситуацијата со повредените е страшна, а тимот едвај има 11 играчи. На листата на повредени се наоаѓаат Кобел, Зиле, Коуто, Антон, Адејеми, Рејна, Рајерсон. Донјел Мален исто така е повреден, но вчера заигра и го постигна голот вреден победа.
Така вчера на клупата на Дортмунд беа „анонимуси“ и лица кои првпат во вкусуваат првиот тим на Дортмунд, како што се Азхил, Кембел, Кабар, Мане, Мејсер и Оштрзински.
Ако се има во предвид дека вчера на повреда се пожали и Бајно-Гитенс, тогаш е јасно зошто Нури Шахин е во проблеми. Згора на тоа веќе сите играчи од првиот тим му се изморени, а нема простор да ротира. Така на пример има многу рокади со тоа што Грос игра како десен бек, а негова природна позиција е средниот ред, а Џан игра стопер.
За три дена „милионерите“ имаат тешко гостување кај Мајнц во Бундеслигата, па нема да биде изненадување ако Шахин се одлучи да внесе некои анонимни имиња во првиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА