Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд ќе се засили со младиот фудбалер на Реал Мадрид, Ашраф Хакими. Тој треба да потпише двегодишен договор со „милионерите“, ќе биде позајмен играч, и сигурно ќе добие вистинска шанса да ги покаже своите квалитети. Деветнаесетгодишниот играч кој ја покрива десната страничн позиција имаше неколку настапи за првиот состав на „кралевите“ минатата сезона, во периодот кога беше повреден Дани Карвахал. Сепак, јасно е дека не може во моментот да се избори за стандардно место во тимот на Реал Мадрид, па новиот тренер Хулен Лопетеги му дозволи да замине за да продолжи да напредува.
Хакими во Борусија Дортмунд ќе биде конкуренција на искусниот Лукас Пишчек. Борусија Дортмунд беше побрза со реакцијата за негов ангажман од Наполи и од Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА