Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го продолжи договорот со напаѓачот Пјер – Емерик Обамејанг до 2021 година. Раководството на клубот одлучи да ја обнови соработката под подобри услови, но истовремено и да се заштити при продажбата на овој фудбалер за кого се интересираат дел од најголемите европски клубови.
„Нашиот план со Обамејанг е јасен, тој е важен фудбалер во нашиот тим. Неговиот договор беше потпишан во 2015 година и имаше важност до 2020, па затоа се одлучивме да го обновиме за уште една дополнителна сезона. Постои можност Обамејанг да замине и порано, меѓутоа за тоа ќе говориме кога ќе пристигне официјална понуда во нашиот клуб“, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА