Иднината на крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо останува неизвесна откако неговиот тим се реши да го суспендира поради неговото однесување. Тој не тренира со првиот тим, а тренерот Ерик Тен Хаг чека да се извини.
Во меѓувреме постојат многу шпекулации околу негово заминување во пролетниот дел од сезоната. Една од варијантите беше и враќање во Борусија Дортмунд, но од раководството на милионерите засега ги отфрлаат тие шпекулации. Санчо за Борусија Дортмунд одигра 137 натпревари, на кои постигна 50 гола и запиша 64 асистенции. Во 2021 година за 75 милиони фунти замина на „Олд Трафорд“.
„Милионерите“ веќе го имаат составено тимот, и тој не е во нивните планови. Останува интересот од Барселона. Од таму го сакаат Англичанецот на позајмица до крајот на сезоната. Јунајтед на зимо ќе решава за неговата иднина. Тој има уште три години од договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА