„Милионерите“ се чини го добија првото засилување за летниот предоен рок. Станува збор за левиот крилен фудбалер Даниел Свенсон. Свенсон зимава од Нордсјиланд пристигна во Дортмунд како позајмен до крајот на сезоната со право на откуп од страна на „милионерите“.
Се споменува дека за сума од шест милиони евра шведскиот фудбалер би останал на „Вестфален“, а договорот би бил до 2029 година. Свенсон одигра 10 меча во Бундеслигата, и постигна еден гол, а се покажа одлично и во Лигата на шампионите и натпреварите против Спортинг, Лил и Барселона.
Борусија Дортмунд е на победа до обезбедување на пласман во Лигата на шампионите. Во последното коло им треба само триумф над Кил на домашен терен, за и следната сезона тимот игра во најелитното клупско натпреварување.
Во Дортмунд има уште еден играч на позајмица. Станува збор за Карни Чуквуемека од Челси, но за него ќе следува дополнителна одлука. „Милионерите“ се премислуваат за негов ангажман затоа што играчот е склон на чести повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

