Ангажманот на Гираси од Штутгарт значеше и најава за заминување на Никлас Филкруг од Борусија Дортмунд, а последните информации говорат дека „милионерите“ конечно ги договорија деталите за германскиот репрезентативец да си замине од „Вестфален“.
Милан подолго време се интересираше за овој искусен напаѓач, но „росонерите“ не понудија повеќе од 15 милиони евра, на крајот губејќи ја оваа трка од англискиот премиерлигаш Вест Хем. „Чеканите“ во последните неколку дена ги интензивираа преговорите со Борусија, на крајот нудејќи вкупно 30 милиони евра (26 милиони загарантирани, четири врзани со неколку клаузули).
Филкруг ги договори личните услови и ќе потпише тригодишен договор за плата од три милиони евра по сезона, па Германецот по само една сезона мината во Дортмунд повторно ќе ги менува клупските бои.
Вест Хем успеа да излезе како победник и од трката по Гвидо Родригез, кој пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Бетис. Следен на листата со желби на „чеканите“ e десниот бек на Манчестер јунајтед, Арон ван Бисака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА