Борусија Дортмунд го продолжи договорот со Ријарсон

Борусија Дортмунд денеска се договори за продолжување на договорот со еден од своите најдобри фудбалери, бекот Јулијан Ријерсон.

Ријерсон дојде во Дортмунд од Унион Берлин на 1. јануари 2023 година, и набрзо стана еден од клучните играчи без кого „милионерите“ не можат да ја замислат одбраната.

Според новиот договор, Норвежанецот ќе остане на „Вестфален“ до 2028 година. Тој досега одигра 62 меча за „милионерите“ и постигна пет гола.

Се вчитува...